МАКЕДОНИЈА ОДБРОЈУВА ДО ЕП: ФОТО-потсетување на Барди, Николов, Елмас, Велковски, Муслиу, Шишковски, Бејтулаи… од ЕП 2017!

Во очекување на најголемиот настан за македонскиот фудбал во историјата, првото учество на најдобрата национална репрезентација на Европско првенство, ЕКИПА издвојувајќи ги најзначајните фудбалери, личности и настани од нашата фудбалска историја, се до 11. јуни преку серијал-текстови како најава за тоа што ги очекува Горан Пандев и соиграчите на УЕФА Евро 2020!

===============================================================================================

Вкупно 14 македонски репрезентативци од списокот за ЕВРО 2020 својот пат до заслужено место на Европскиот сениорски шампионат го минаа низ младата репрезентација на Македонија. Од нив 11 се членови на „златната генерација“ на „Сер Боби“ која не однесе на Европското првенство за фудбалери до 21 година во 2017 година во Полска.

Од 26 фудбалер, дури 11 веќе добро се запознаени како е да се биде дел од најдобрите на Стариот континент. Почнувајќи од голманот Дамјан Шишковски, преку дефанзивците Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Висар Муслиу и Егзон Бејтулаи, фудбалерите без кои е незамислив и актуелниот наш среден ред Бобан Николов, Енис Барди и Елиф Елмас, и офанзивците Даниел Аврамовски, Тихомир Костадинов и Марјан Радески. Од нив шест веќе, во голема мера, имаат загарантирано место и во стартниот тим на македонската селекција.

Потсетување, од фото-архивата на ЕКИПА, на настапот токму на овие македонски репрезентативци на ЕП 2017 но и еден од најзначајните квалификациски дуели во македонската фудбалска историја, ремито (1-1) на гостувањето против Франција во Ле Ман.

 

Се вчитува...