Со полуфиналните натпревари од суперлигашкиот плејоф започна разврската во сезоната 2020/21 во пингпонгарското првенство. Телеком НЕЦ 2 против Младост 96 и Шампион ФА против Младост беа двете полуфинaлни двојки во кои прилепските екипи на Младост и Младост 96 влегоа со предност од 1-0 поради подобриот резултат од меѓусебните дуели во регуларниот дел од сезоната.
Младост 96 без многу проблеми го совлада Телеком НЕЦ 2 со резултат од 4-1 и закажа финале во Прилеп против градскиот ривал Младост. Тимот на Младост во неизвесен натпревар успеа да ги надигра играчите на штипскиот клуб Шампион ФА до 4-3.
Исто така се одигра и бараж натпревар за пласман во Суперлигата. Доскорешните суперлигаши екипата на Радовиш не успеа да го одбрани своето место во елитата, Радовиш беа убедливо поразени од Рисови од Скопје со 4-0, и од следната сезона Радовиш ќе се натпреварува во Првата пингпонгарска лига.
Во квалификациите за Првата лига ППК Зегин Берово беше поуспешна од битолскиот Евроспин со 4-1, со идентичен резултат ППК Крива Паланка славеше против ППК Шуто Оризари 2.
Поради откажувањето на ППК Винспин од Виница изостанаа бараж натпреварите за пополнување на Првата лига, така што Борец Тим од Велес, Крива Паланка и Зегин Берово во следната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА