Капитенот Горан Пандев и еден од најдобрите македонски фудбалери Аријан Адеми се приклучија на активните тренинзи на репрезентација во рамките на подготовките за ЕВРО 2020.
Селекторот Игор Ангеловски, иако се очекува да комбинира со составот на престојните два пријателски натпревари, се очекува Пандев и Адеми да бидат во комбинзација за дуелите со Словенија (1. јуни) и Казахстан (4. јуни).
Енис Барди, пак, се уште е во карантин поради позитивен тест на Ковид-19, но се чувствува одлично и посакувањата и верувањата на сите во националниот тим се дека ќе го надмине коронавирусот и ќе патува на 8. јуни за Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА