Актуелниот шампион ниту до бронза, Олимпија Милано е трета во Евролигата

Олимпија Милано e освојувач на бронзата во Евролигата, откако во битката за третото место славеше со 83-73 против актуелниот шампион ЦСКА Москва.

Во „Ланксес Арената“ во Келн, и покрај тоа што беа фаворити Русите потфрлија. Милано имаше предност на полувремето, а потоа истата само рутински ја одржуваше за конечна победа.

Мицов и Родригез со по 14 поени беа најпрецизни кај победниците, а кај ЦСКА Москва прв стрелец беше Шенгеља со 18 поени.

Во големото финале од 20:30 часот ќе се соочат Барселона и Анадолу Ефес.

Се вчитува...