Божиновска и Лазаровска од АК Центар изборија норма за Балканското првенство

Атлетичарките на АК Центар, Ана Божиновска и Михаела Лазаровска на Државното младинско првенство кое викендов се одржа во Скопје постигнаа норми за Балканското првенство до 20 години кое ќе се одржи на 12./13. јуни во Истанбул.

Ана Божиновска

Ана Божиновска која настапува во спринтерските дисциплини на 100 и 200 метри, на почетокот оваа година со тренерот Кристијан Кајчевски донесоа одлука за промена на дисциплината кон 400 метри што се покажа како одличен потег, постигнувајки сега балканската норма од 62.00, а во својата втора трка постигна резултат од 60.12.

Михаела Лазаровска и Кристијан Кајчевски

Михаела Лазаровска, пак, неочекувано ја прескокна летвичката на 165 сантиметри во совршена серија почнувајќи од 135 сантиметри (нормата е 165 сантиметри) и направи три неуспешни обиди на 168 сантиметри за нов македонски младински рекорд, кој сеуште изнесува 166 сантиметри.

 

 

Двете атлетичарки на АК Центар се единствените засега од македонските атлетичари со исполнета норма за Балканското првенство.

АК Центар беше еден од најдобрите тимови на шампонатот, со дополнително освоени уште пет медали, од кои штафетата 4х100 (Кајчевска, Божиновска, Хајдари и Миновска) стигна до првото место, Камелија Кајчевска освои 2. место во скок во височина како и 3. место во скок во далечина, Сара Миновска заврши сребрениот медал во фрлање копје, а Филип Гуровиќ освои бронза во фрлање ѓуле.

Се вчитува...