Македонските репрезентативци максимално активно ги одработуваат тренинзите во очекување на првиот пријателски натпревар против Словенија во вторник на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во рамките на подготовките за ЕВРО 2020.
Но, мислите на репрезентативците постојано се и кон Енис Барди кој е во карантин во хотелот „Хилтон“ поради позитивниот тест на Ковид-19. Секој од фудбалерите верува дека Барди ќе го надмине коронавирусот и ќе биде подготвен за патот кон Букурешт на 8. јуни.
Џани Алиоски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи и Ферхан Хасани и од денешниот тренинг испратија порака со поддршка за Енис кого наскоро го очекуваат и на тренинзите.
„Те чекаме Барди!“ – порача четворката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА