СКОПСКО-изненадување за македонските херои кои не однесоа на ЕП (ФОТО)

Новиот партнер на фудбалската репрезентација, „Пивара Скопје“, ги изненади фудбалерите по денешниот тренинг со мало освежување.

Скопската пивара, заедно со ФФМ, започнаа интересна кампања, своите производи за време на траењето на Европското првенство да ги разубават со имињата на македонските репрезентативци, потпис и бројот кој го носат на дресот.

„За хероите што носат радост во нашите срца, подготвивме специјална едиција СКОПСКО лименки за навивање од срце, кои денес пристигнаа во рацете на своите вистински сопственици“ – соопштија од „Пивара Скопје“.

Се вчитува...