Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, не крие дека на претстојното Европско првенство ќе навива за македонската фудбалска репрезентација.
Македонија заедно со Хрватска се единствените две репрезентации од балканскиот регион кој се изборија за настап на ЕВРО 2020. Чеферин во интервјуто за португалски „Рекорд“ истакнува дека, во отсуство на Словенија, неговите симпатии на ЕП одат за Македонија.
„Моите симпатии одат кон Македонија, која некако ми е најблиска селекција” – вели Чеферин.
Чеферин има одлични односи со првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, нагласувајќи ја постојано поддршката која УЕФА ја дава за македонскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА