Македонскиот селектор Игор Ангеловски на прес-конференција пред утрешниот прв тест-дуел за националниот тим во очи на ЕВРО 2020, со Словенија на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, вели дека сите во селекцијата се подготвени за максимум на секој натпревар.
„Момците работат одлично. Во минатите три години Македонија била таа што спарингувала со учесници на големи натпреварувања, но сега ние сме тие кои одиме на првенство, па одбираме и противници за спаринг. Словенија е добар противник со кој игравме во квалификациите и затоа очекувам добар натпревар, прва подготовка за тоа што не очекува на ЕП“ – вели Ангеловски.
Словенците ќе бидат и добар момент за разработување на одредени тактички варијанти…
„Како ние што ги следиме противниците така и тие нас не следат пред ЕП. Долго сум на оваа позиција, со дечките сме доста време заедно имаме разработено неколку формации кои зависи од противникот ќе бидат менувани. Од натпревар на натпревар ќе ги одлучуваме и тактичките варијанти“ – дополнува Ангеловски.
Македонија по две години повторно пред публика на „Тодор Проески“…
„Фудбалот се игра за публика, искрено имаме позитивна трема. Посакуваме да се наполни стадионот максимум колку е дозволено. Нашите навивачи кои ни даваа поддршка, а не можеа да дојдат на стадион, утре се надевам дека ќе напраат вистинска атмосфера бидејќи овие дечки тоа го заслужувааат“ – вели македонскиот селектор и дополнува:
„Без разлика дали е пријателски или квалификациски натпревар тие 11 што ќе истрчаат се прв состав. Овие два натпревари ќе ни бидат подготовки, но без многу експерименти бидеќи не сум таков тренер. Знам дека сите ќе го дадат максимумо како и секогаш без разлика што е крај на сезона. Капитенот Пандев, како и сите други фудбалери, знам дека ќе летаат по терен“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА