Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 години ја стартуваше втората фаза од подготвителниот собир, со подготовките во Терме Чатеж, Словенија.
По првиот дел од подготовките во Скопје, од денеска избраниците на Благоја Милевски ќе финализираат во Терме Чатеж каде за четврток (3. јуни) е планиран и пријателскиот натпревар со домаќинот Словенија.
Македонија, со сосема нова генерација, во септември ги стартува новите квалификации за пласман на Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА