Реал Мадрид ги претстави новите дресови (ФОТО)

Реал Мадрид ги претстави новите дресови за следната сезона. Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ се погрижи дресот на кралскиот клуб да изгледа навистина фантастично. Дизајнот го покажува единството на клубот и навивачите, а видливи се и одредени промени во споредба со минатата сезона.

Традиционалната бела подлога овој пат е проследена со сина и портокалова боја, кои се комбинираат на деловите од дресот околу вратот и ракавите. Логото е исто така портокалово, па според првичните реакции на навивачите на „Кралевите“, може да се заклучи дека премногу се задоволни од новиот дизајнот на новиот дрес.

 

 

 

 

 

Се вчитува...