Мејсон Гринвуд и официјално нема да оди на Европското првенство оваа година. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед поради повредата реши да ја напушти репрезентацијата на Англија пред почетокот на ЕВРО 2020.
Иако не е наведена точната повреда за која станува збор, „Скај Спорт“ смета дека се работи за повреда на препоните. Наместо него, Оли Воткинс од Астон Вила ќе добие шанса како трет напаѓач.
„Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд се повлече од репрезентацијата на Англија за Евро 2020, со цел целосно да се опорави од повредата што веќе го спречи да игра за репрезентацијата до 21 година во март“, стои во соопштението на Манчестер Јунајтед.
Со слична судбина, но не поради повреда, и фудбалерот на Јунајтед кој е на позајмица во Вест Хем, Џеси Лингард нема да биде на списокот на патници за Евро 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА