Македонските фанови се вратија на трибините (ФОТО + ВИДЕО)

Македонските фанови повторно се вратија на спортските терени. Публиката се врати на трибините на пријателскиот натпревар против Словенија кој во моментов Македонија го игра на националната арена „Тодор Проески“.

По промената на здравствените протоколи и дозволата од македонската Влада за присуство на навивачи на спортските терени до 30% од капацитетот на стадионот, вечерва на „Тодор Проески“ околу 10.000 македонски фанови кои даваат поддршка за репрезентативците пред настапот на ЕВРО 2020.

Сето тоа како убав начин за испраќање на националите на своето прво учество на Европско сениорско првенство.

 

Се вчитува...