Карло Анчелоти повторно ќе го предводи Реал Мадрид откако италијанскиот стартег и мадридскиот клуб склучија договор до крајот на сезоанта 2023/24. Легендарниот тренер во изминатите две години го предводеше Евертон, но денеска ја прекина соработката со англискиот состав.
За искусниот стратег ова ќе биде втор ангажман во „кралскиот клуб“ со кој во периодот помеѓу 2013 и 2015 ги освои Лигата на Шампионите, Купот на Шпанија и Суперкупот.
„И покрај тоа што уживав во Еверон, ми се пружи неочекувана прилика за која верувам дека во овој момент е прав потег за мене и моето семејство. Се приклучувам на Реал Мадрид“, кратко изјави Италијанецот.
? #WelcomeBackAncelotti
? @MrAncelotti pic.twitter.com/BcqI63qkqY— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 1, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА