Ибраими: Јас го убедив Адеми да игра за Македонија! (ВИДЕО)

Поранешниот репрезентативец на Македонија Агим Ибраими говореше за моментот кога успеал да го убеди Аријан Адеми да и се приклучи на репрезентацијата. Тој вели дека било тешко бидејќи Адеми размислувал дали да прифати затоа што Македонија во тој момент не беше ниту во топ 100 репрезентации на ФИФА ранг листата.

„Тешко беше на почетокот. Сакавме да биде дел од репрезентацијата на Македонија. Со татко ми го убедувавме да дојде затоа што знаевме дека може многу да помогне, а сега гледаме дека сме биле во право. Тој не сакаше, што е нормално затоа што бевме 110. репрезентација на ранг листата на ФИФА, но чекор по чекор, успеавме да го убедиме. Сега е главен играч во репрезентацијата. Со него сме многу, многу посилни и подобри“, изјави Агим Ибраими. 

 

Се вчитува...