Карло Анчелоти вчера стана новиот тренер на Реал Мадрид. Искусниот 61-годишен Италијанец го замени Зинедин Зидан како тренер на кралскиот клуб и потпиша тригодишен договор. Наскоро се очекува и најголемиот ривал на Реал, Барселона да донесе конечна одлука за иднианта на Роналд Куман.
Претседателот на клубот Жоан Лапорта се уште размислува дали да го остави Холанѓанецот на клупа, а неговата реакција кога слушна дека Анчелоти ги презема „кралевите“ е апсолутен хит.
Еден од новинарите му рекол на Лапорта дека Карло Анчелоти е нов тренер на Реал. И побарал мислење од претседателот на „каталонците“. Од видеото може да се забележи дека Лапорта е прилично изненаден, па го праша новинарот: „Навистина? – Тој е добар тренер“, заклучи Лапорта.
Карло Анчелоти го предводеше Реал на вкупно 119 натпревари. Тој победи на дури 89, а неговиот тим одигра нерешено 14 пати и забележа 16 порази. Италијанецот имаше особено успешна година со „Кралевите“ во 2014 година кога ги освои Лигата на шампионите, Купот на кралот, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.
La reacción de Laporta cuando le decimos que el Madrid ha fichado a Ancelotti. #lasexta #antena3 pic.twitter.com/HLs0Hn3rnR
— Josep Soldado Gómez (@JosepSoldado) June 1, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА