Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ пристигна во редовите на Барселона како големо засилување на каталонците во амбициите за освојување на Лигата на Шампионите и продолжување на доминацијата на домашната сцена, но целосно потфрли на „Камп Ноу“.
Барселона сега се наоѓа во фаза на „ремонт“, во престојниот трансфер рок се очекуваат заминувања на голем број од играчите, а еден од нив е токму и играчот за врска. Останува само да познато името на новиот клуб, а во оваа конкуренција се наоѓаат Јувентус, Интер и Челси.
Новиот тренер на „старата дама“, Масилимијано Алегри е заинтересиран за враќање на својот поранешен играч во своите редови, но доколку Јувентус не испрати примамлива понуда за 31-годишникот, лесно би можел да заврши и во редовите на шампионот на Италија.
Пјаниќ е желба и на Челси кој ќе се обиде преку размена на играчи да стигне до репрезентативецот на БиХ. „Сините“ во своите редови имаат голем број на играчи на кои не сметаат за следната сезона, а како можна замена се јавува Жоржињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА