Лукаку потврди дека останува во Интер, откако разговарал со Инзаги

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку потврди дека останува во Интер откако разговарал со новиот тренер Симоне Инзаги, кого несакајќи во ТВ-интервју го откри како нов стратег на „нераѕурите“.

„Да, останувам во Интер. Веќе имав контакт со човекот кој ќе биде нов тренер. Можеби не смеев ова да го кажам, но беше тоа еден позитивен разговор“ – низ смеа прокоментира Лукаку.

Лукаку пристигна во редовите на „нероаѕурите“ во 2019 година и беше еден од клучните играчи на тимот во походот кон титула. Белгиецот одигра 36 натпревари за Интер оваа сезона при кои 24 пати ја тресеше мрежата на противникот, а забележа и 10 асистенции.

 

Се вчитува...