Капитенот на прволигашот Пелистер, Градимир Чаневски вечерва ќе го одигра последниот натпревар за тимот против Охрид. Пред почетокот на мечот од клубот му се заблагодарија на капитенот кој по крајот на сезоната ќе го напушти клубот.
„РК Еурофарм Пелистер со церемонија пред почетокот на натпреварот против Охрид и свечени подароци го испрати својот капитен Градимир Чаневски. Капитенот на битолскиот клуб заминува на истек на договорот и слободен е да ја избере својата иднина“, соопштија од тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА