Аргентина ја претстави статуата на Марадона: Фудбалерите се појавија со специјални дресови (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Аргентина утринава го одигра првиот официјален натпревар по смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона. По тој повод, челниците на федерацијата подготвија статуа и специјални дресови посветени на Марадона.

Пред дуелот со Чиле во рамки на квалификациите за Светското првенство, фудбалерите на репрезентацијата заедно со челниците на Аргентинската фудбалска федерација открија бронзена статуа со ликот на Диего.

Репрезентативците пред натпреварот изглегоа на терен и со дресови посветени на легендата. Сите носеа број 10 на дресовите со фотографија од фудбалерот на која стоеше само годината на раѓање на Марадона.

 

 

 

 

Се вчитува...