Михајловски откри како ќе изгледа Вардар следната сезона: 30% посилен тим!

Претседателот на Вардар, Михајло Михајловски покрај промоцијата на Веселин Вујовиќ откри и како ќе изгледа тимот на Вардар следната сезона. Нови засилувања ќе бидат Гурбиндо, Томовски, Сафар, Чувара, Ѓукиќ, Тодо и Кудуз.

Тој вели дека очекува тимот да биде 30 отсто подобар од минатата сезона. Подготвуваме екипа за следната сезона. Како долгогодишен човек кој е инволвиран во ракометот можам да кажам дека екипата ќе биде појака и поорганизирана за 30 отсто, а ако го додадеме Вујовиќ, очекувам да бидеме 40 отсто подобри.

„Во консултација со тренерот во следниот период веројатно ќе да бидат потпишани уште неколку имиња“, заклучи Михајловски.

 

Се вчитува...