Ракометниот клуб Вардар денеска го назначи Веселин Вујовиќ за нов тренер на клубот. За легендарниот ракометар ова ќе биде воедно и враќање во редовите на „црвено-црните“ каде помина два мандати помеѓу 2006 и 2009, и од 2011 до 2013 година.
Вујовиќ ќе има слобода да го составува тимот за следните сезони, а се осврна и кон изјавата на Столе Стоилов во која вели дека со заминувањето на Алушовски, Вардар ќе се врати 10 години назад, не е изјава против него самиот.
„Јас со Столе Стоилов имам одличен однос уште од самиот старт на неговата кариера. Тоа што тој е за Алушовски не значи дека е против мене. Тоа е како за партија ако сум за една не значи дека сум против другите. Столе е капитен на овој тим и јас многу го почитувам. Така да пак ќе кажам ако е за Алушовски не значи дека е тој против мене“, истакна Вујовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА