Коронавирусот продолжува да прави проблеми во Ф1 – ГН на Сингапур се повлекува, неизвесни Јапонија, Бразил, Мексико и Австралија

Сезоната во Формула 1 е на работ на прекин откако властите во Сингапур се одлучија да ја откажат ГН на Сингапур која е закажана за 3. октомври поради рестрикции во патувањето предизвикани од пандемијата на коронавирус.

Раководството на брзинското натпреварување се обидува да најде заеднички јазик со властите во оваа држава за можни дозволи за престој на тимовите, но проблемот се јавува во тоа што оваа држава се наоѓа и на листата на високоризични држави во Велика Британија од каде потекнуваат и поголем број од тимовите.

Покрај ГН на Сингапур неизвесни се и трките во Јапонија, Бразил, Мексико и Австралија поради истите причини. Едно од можните решенија за спас на сезоната е заменување на овие трки со Турција, Кина и две трки во Остин, но и покрај тоа остануваат големи неизвености.

Се вчитува...