Хаос во германската репрезентација пред ЕВРО 2020: Бунт на фудбалерите на Баерн, кренаа глас против тактиките на Лев

Европското првенство ќе биде последното големо натпреварување што Јоаким Лев ќе го игра како селектор на германската репрезентација. После 15 години, овој 61-годишен стручњак ја напушта тенерската клупа, а пред ова ЕВРО 2020, Лев се соочува со проблем што веројатно го немаше порано.

Според Билд, репрезентацијата на Германија не е многу воодушевена од тактиката што селекторот има намера да ја користи на Европското првенство. Ова е особено се однесува за системот на игра што ја планира Лев. Тој има намера даја користи формацијата 3-5-2, но играчите не се премногу задоволни од тоа.

Најгласни се играчите од Баерн. Тие се навикнати да играат систем со четири играчи во задната линија, но и повеќето други фудбалери се убедени дека би играле многу подобро со четворица играчи назад.

Јоаким се соочува со голем отпор во рамките на тимот и ќе видиме дали искусниот стручњак ќе ги послуша играчите во овој случај. Германија ќе биде еден од домаќините на Европското првенство, па оваа репрезентација своите натпревари од групната фаза ќе ги игра на „Алијанц Арена“ во Минхен.

Групата им е многу тешка, па ќе играат со актуелниот шампион, Франција, а овде се и Португалија и Унгарја. Германците го отвораат овој турнир на 15 јуни со дуел против Франција, четири дена подоцна играат против Португалија, а групниот дел од натпреварувањето завршува со натпревар на 23 јуни против Унгарија.

Се вчитува...