ПСЖ го договори првото летно засилување, Хакими заминува од Интер

Ашраф Хакими ќе биде првото засилување на Пари Сен Жермен за следната сезона. Хакими ги договори сите лични услови, а ќе заработува осум милиони евра по сезона, но сепак има уште неколку детали кои треба наскоро да се договорат меѓу Парижаните и Интер.

Оваа вест е потврдена од „Газета дело спорт“ и неколку други извори во Франција. Наводно, проблемот е во обештетувањето, но се очекува наскоро да се реши сè. Интер бараше огромни 80 милиони евра, двојно повеќе отколку што го донесе фудбалерот од Реал Мадрид минтато лето, додека ПСЖ понуди 60.

Се очекува ПСЖ благо да ја зголеми понудата и да додаде одредени бонуси, кои Интер ќе ги прифати поради тешката финансиска состојба. Весникот тврди дека и Челси покажал интерес, но дека нема да издвои толку многу пари. Хакими сака да се приклучи на ПСЖ, па веќе се договорени сите услови и се очекува наскоро и официјално да стане нов член на тимот на Маурисио Покетино.

Се вчитува...