Надал се измачи, но на крај успеа да дојде до нова победа на Ролан Гарос

Рафаел Надал успеа да се пласира во осминафиналето од Ролан Гарос, обезбедувајќи победа од 3-0 во сетови (6-3, 6-3, 6-3) над незгодниот Камерон Нори, кој се наоѓа на 45-та позиција на АТП ранг листата.

Шпанецот денес немаше премногу лесна задача, Нори воопшто не се предаде, па напротив го натера Рафа да се испоти за да обезбеди билет за следното коло. Во првиот сет на Надал му требаше време за да го скрши мразот, по тешките 2-2 во гемови, третиот носител успеа да фати ритам и да дојде до освојување на првиот сет со резултат од 6-3.

Во вториот сет се случи вистинска драма, откако Надал и Нори влегоа во серија на брејк. Најпрвин Камерон успеа да освои два гема на сервис на Шпанецот, но потоа Надал стапи на сцена, успевајќи да ја анулра негативата и да дојде до освојување на нов сет (6-3).

Психолошката предност во тертиот сет веќе беше на страната на Надал, па Рафа без поголеми проблеми успеа да го добие овој меч со 3-0. Противник на Шпанецот во следното коло ќе биде младиот 19 годишник од Италија, Јаник Синер.

Се вчитува...