Одбојкарите на Унгарија го освоија бронзениот медал во Европската сребрена лига, откако во малото финале во трилер-меч славеа над Хрватска со 3-2, по сетови 25-18, 18-25, 23-25, 25-19 и 15-13.
Унгарците одлично го стартуваа мечот и на убедлив начин го добија првиот сет со 25-18. Во вториот сет Хрватите успеаја да одговорат на идентичен начин и да израмнат на 1-1. Третиот сет донесе голема борба на двата тима во која подобро се снајде Унгарија освојуваќи го сетот со 25-23. Хрватите се консолидираа и добивајќи го четвртиот сет со 25-19 успеаја да го одведат мечот во одлучувачкиот тај-брејк.
Тај-брејкот беше вистински трилер. Се играше поен за поен, а на крајот посреќни беа Унгарците кои го добија со 15-13.
Во 20 часот се игра финалето во кое Македонија преку Данска ќе се обиде да стигне до првото злато во Европската сребрена лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА