Холандија со 3-0 славеше на пријателскиот натпревар против Грузија, последниот пред стартот на Европското првенство за „портокаловите“.
Холанѓаните до предност на дуелот дојдоа со погодокот на Депај уште во 10. минута.
Потоа во второто полувреме погодија и Вегхорст во 55. минута и Гравенберх во 76. минута за конечни 3-0.
Првиот натпревар на ЕВРО 2020, Холанѓаните го играат на 13. јуни против Украина, во групата во која се уште и Македонија и Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА