Богдановиќ и Атланта со „брејк“ во Филаделфија

Богдан Богдановиќ и неговата Атланта славеа во првиот полуфинален натпревар од Источната конференција против Филаделфија со 124-128 во драматична завршница во која Србинот од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат.

Атланта имаше предност од 19 поени на влезот на последните десет минути, но домаќините не се предадоа и експесно се вратија во мечот, приредија интересна завршница, но не успеаја и да стигнат до целосен пресврт.

Џоел Ембид беше незапирлив во редовите на Филаделфија со 39 поени и 9 скока, додека Сет Кари додаде 21 поен и 4 скока, додека кај гостите прво име беше Тре Јанг со 35 поени и 10 асистенции, додека Богдановиќ мечот го заврши со 21 поен, 5 асистенции и 4 скока.

Се вчитува...