По Агуеро и Ерик Гарсија, Барса крои план да „украде“ уште една ѕвезда од Сити

Шпанска Барселона веќе донесе две големи ѕвезди од финалистот во Лигата на шампините и премиерлигашки првак Манчестер сити, откако бесплатно ги зема Серхио Агуеро и Ерик Гарсија, па откако им пропадна трансферот на Џорџино Вајналдум, сега сакаат да „украдат“ уште една ѕвезда од „Итихад“.

Како што објави каталонски „Спорт“, Барса веќе бара други опции за засилување во средниот ред, а прв на листата е германскиот репрезентативец Илкај Гундоган, кој имаше импресивна сезона во дресот на „граѓаните“, па даде 17 гола на 46-те меча што ги одигра сезонава.

Гундоган има договор уште две години на „Итихад“, до 2023 година, но според „Спорт“, Пеп Гвардиола е расположен да го продаде ако дојде прифатлива понуда за него, особено што ова лето им е шанса и добро да заработат, бидејќи идното лето ќе влезе во последната година од договорот, па сегако не би можеле да извадат таква сума на пари како ова лето.

Покрај ова, Сити има во план да потроши 300 милиони евра за засилувања, па добредојден би им бил приход од Гундоган, за да го надополнат буџетот за трошење летово.

Се вчитува...