Македонската фудбалска репрезентација утрово ја напушти својата скопска база, хотелот „Хилтон“ упатувајќи се кон Букурешт, каде од денеска ќе се подготвува за ЕВРО 2020.
Националниот тим на пат кон Букурешт го испратија и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини како и генералниот секретар Филип Поповски, искажувајќи силна желба за мирен тек на подготовките и во Романија и успешни настапи на Европското првенство.
Игор Ангеловски ќе смета на сите повикани фудбалери кои се негативни на Ковид-19 по вчерашните тестови. Првиот натпревар на Европското првенство 2020 го играме против Австрија на 13. јуни од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА