Легендарниот Арсен Венгер смета дека Франција е „супер фаворит“ на Европско првенство. Познатиот француски фудбалски стратег даде своја анализа за претстојниот фудбалски турнир, па тој е убеден дека составот на фудбалери што го има Франција ја прави оваа држава да биде прв фаворит за освојување на европскиот трон.
Извонредниот стратег потенцираше дека Франција може да состави два супер тима, па верува дека ваквата конкуренција ќе го крене квалитетот на игра меѓу соиграчите.
„Франција не е фаворит, таа е супер фаворит. Бидејќи зборот фаворит не е доволен за да се опишат светските шампиони, ова е тим кој ги вклучува Канте, Погба, Бензема, Гризман, Жиру, Дембеле … На клупата ќе има 11 играчи кои би биле во првиот тим на која било друга репрезентација“, изајви Венгер.
Легендарниот француски стручњак ја гледа Англија како главен конкурент кој единствено може да се спротистави на Франција.
„Англија е тимот што може да и создаде најголем проблем на Франција. Тие имаат квалитетен тим. Англија може да се носи со Франција“, заклучи искусниот стратег.
Франција за прв противник на Европското првенство ќе ја има репрезентацијата на Германија, а овој дуел е закажан за 15 јуни. Франција се наоѓа во групата на „смртта“, каде ја очекуваат и пресметки со репрезентациите на Португалија и Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА