Македонскиот ракометар Тоше Ончев потпиша договор со словенечкиот Тримо Требње. Ончев кој беше најдобар стрелец во македонската Суперлига во дресот на Работнички, потпиша три годишен договор со словенечкиот тим.
Ончев потекнува од школата на Вардар, а покрај во најтрофејниот македонски тим играше и за Пелистер, Вернол, Сент Марсел, Верднон и Керкира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА