Руни нема дилема: Франција без конкуренција е најсилна

Вејн Руни, поранешен репрезентативец на Англија, нема дилема околу фаворитот за титулата на претстојното Европско првенство (11 јуни – 11 јули). Екс-играчот на Манчестер Јунајтед изјави дека Франција е најголемиот фаворит на овој турнир.

Според него, „галските“ имаат големи ѕвезди во тимот, но исто така и силен колектив, па очекува дека Франција ќе нема конкуренција на претстојното ЕП.

„Франција е без конкуренција. И индивидуално и како тим. Мбапе, Канте, Гризман, Погба, Варан, Љорис. Да се  замрзнетe кога ќе ги прочитате тие имиња. На тоа додадете го фактот дека тие се актуелни светски шампиони и јасно ви е дека тешко можете да ги победите“, истакна поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед.

Франција е во групата Д, таканаречена „група на смртта“, заедно со Германија, Португалија и Унгарија.

„Тие имаат толку многу силни индивидуалци и никој не размислува како треба индивидуално да се прослави. Од оваа перспектива, не гледам кој тим би можел да ги победи“, рече Руни.

Според менаџерот на Дерби Каунти, Англија се наоѓа во втората група на фаворити.

„Имаме одличен тим. Ние сме во рангот на Белгија и Португалија. Можеме да одиме далеку, но повторувам дека Франција има најголеми шанси за титулата“, заклучи Руни.

Се вчитува...