Прв тренинг во Букурешт – Добредојдовте на ЕВРО 2020 (фотогалерија)

Македонските фудбалери немаа многу време за одмор во Букурешт, само неколку часа по пристигнувањето во романскиот главен град се појавија на терен одржувајќи го првиот тренинг во државата каде ќе одиграат два од трите предвидени натпревари во групната фаза од ЕВРО 2020.

Тренинг-база на нашиот национален тим ќе биде стадионот на Стеауа, каде избраниците на Игор Ангеловски ќе тренираат во пресрет на неделното деби на европскиот шампионат.

Добра вест е што целиот тренинг без проблеми го издржа Енис Барди, кој пред неколку дена конечно успеа да го победи коронавирусот и да отпатува со остатокот на селекцијата за Букурешт.

Се вчитува...