Македонската репрезентација e првиот тим кој воопшто одржа тренинг на новиот стадион на Стеауа во Букурешт.
Стадионот кој е со капацитет од 31.000 седишта се уште го очекува официјалното означување како дом на Стеауа, кој во моментов игра на Националната арена, но затоа, пак, е определен како тренинг-база за ЕВРО 2020 за македонската селекција која во главниот град на Романија, пак, е сместена во „Мериот Гранд хотел“.
„Македонија е првата која го почувствува тревникот на новиот стадион на Стеауа. И тоа ќе остане запишано во историјата на овој стадион“ – пренесуваат романските медиуми.
Македонија вчера го одржа првиот тренинг по пристигнувањето во Букурешт. На тренингот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов кој им посака среќа и успех на Горан Пандев и момците.
Македонија во Букурешт игра два натпревари, на 13. јуни против Австрија и на 17. јуни со Украина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА