Кулушевски си се журкал, па закачил корона поради која нема да игра против Шпанија

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски на 30. мај бил дел од забава со уште неколку соиграчи од репрезентацијата.

Тој ги прекршил препораките од УЕФА во кои се наложуваше сите репрезентативци учесници на Европското првенство да се штитат во периодот меѓу клупските и репрезентативните обврски.

Од Шведската селекција потврдија дека Кулушевски е позиитивен на Ковид-19 и е во карантин во Стокхолм, па сигурно нема да игра на премиерниот меч за Шведска против Шпанците на 14. јуни.

Се вчитува...