Македонската репрезентација денеска со трет ден подготовки за дебитанскиот настап на европските првенства. Хотел-тренинг-хотел е дневната „шема“ на македонските репрезентативци која сигурна не е пријатна, но како што нагласува Стефан Ристовски атмосферата во тимот е на високо ниво во очекување на првиот натпревар со Австрија на 13. јуни.
„Се обидуваме да ја зачуваме атмосферата на највисоко ниво, тоа е и она што не донесе до ЕП. Сепак, не е лесно затоа што 24 часа сме затворени по хотелите. Во Букурешт смееме да го напуштиме хотелското сместување единствено кога одиме на тренинг“ – вели Ристовски за српски „Телеграф“.
Македонија ја има улогата на аутсајдер на ЕВРО 2020, но и според Ристовски тоа е крајно позитивно во пресрет на дуелите во групата.
„Ние и сакаме да не потценат, затоа што тогаш сме најсилни. И досега бевме скромни пред секој натпревар, но ги знаеме сопствените квалитет и со што располагаме. Но, ќе има изненадувања, верувајте ми. Фаворит во нашата група е Холандија, а се останато ќе видиме како ќе биде“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА