Новиот фудбалер на Црвена Звезда, Александар Драговиќ, кој меѓу белграѓани ова лето се приклучува од Баер Леверкузен, вели дека никој во австриската селекција не може и не смее да ја потцени Македонија која е исклучително опасна репрезентација.
Според Драговиќ, Македонија воопшто не е само Горан Пандев поради што мора многу да се внимава.
„Сите ги знаеме квалитетите на Пандев кој е одличен мотиватор и разигрувач за тимот. Но, не смееме да се фокусираме само на него, затоа што Македонија не е само Пандев. Имаат многу опасна индивидуалци. Секако сакаме победа но да не се залажуваме дека ќе биде лесно да се дојде до неа. Ако сакаме победа мора да сме на 100%, инаку ќе биде тешко“ – вели Драговиќ.
Анализирајќи ја играта на македонската селекција дополнува:
„Ги анализиравме нивните слаби страни, оставаа простор за надигрување, но ние ќе мора да сме брзи по освојувањето на топката. Имаат цврст среден ред кој знае да ја контролира играта“ – вели Драговиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА