„Огромна е мотивацијата во нашите редови кај секој поединец, без разлика кој ќе настапи на дуелот со Австрија. Имаме негативно искуство од претходните меѓусебни дуели, но научивме многу од поразот во Скопје и верувам дека сега ќе демонстрираме многу подобро издание. Посакувам силно да го имаме најдобриот ден во историјата на репрезентацијата“ – истакна Шишковски.
Голманот на кипарска Докса вели дека нијанси ќе го одлучат победникот на мечот, можеби и само една грешка.
„Верувам дека дефанзивата ќе го одлучи победникот, можеби и само пооеделни минимални грешки може да бидат пресудни. Австријците се физички силни, играат германски фудбал, опасни се од прекини, но ние се фокусираме само на нашата игра која верувам ќе не донесе до посакуваниот позитивен резултат“ – вели Шишковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА