Продолжувајќи и со, еден вид промоцијата, на својата фудбалска школа која постојано реди нови таленти, од Академија Пандев информираат за уште еден интернационален трансфер од своите редови.
Младиот Мартин Талаков и официјално промовиран во редовите на словачката Подбрезова.
„Среќни сме и горди што реализиравме уште еден трансфер на фудбалер произлезен од нашата школа Мартин Талаков. Заедно со играчот одлуката беше да се прифати понудата на ФК Подбрезова од Словачка и да биде пропратна станица за идни поголеми трансфери во неговата кариера. Мартин ти посакуваме многу успех и радости во новиот клуб“ – информираат од Академија Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

