Костадин Петров по три години пауза се врати назад во Металург, откако денеска потпиша договор со клубот од Автокоманда. Овој 29-годишен пивот настапуваше во Шпанија во тимот на Гвадалахар, една година мина и во романскиот шампионат, но реши летово да се врати назад во мак-ракометот и ја прифати понудата на клубот чии бои ги бранеше од 2015 до 2018 година.
„Металурзите“ претходно ги ангажираа браќата Нијокас како главни засилувања за новата сезона, потпишани се нови договори со Хорват и со тренерот Иван Марковски, а Петров е првото од неколкуте домашни засилувања што се планираат во клубот од Автокоманда.
Воедно, поранешниот македонски првак договори продолжување на соработката со капитенот Даниел Дупјачанец. Искусниот голман одлично ја чуваше мрежата на Металург минатата сезона, а со потпишаниот нов договор Дупјачанец и во наредните две сезони ќе биде дел од овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА