Австријците „пливаа“, Македонија го смени стадионот за тренинг

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Роберт Спасовски

 

На националната арена во Букурешт, каде утре ќе излезат на мегдан Македонија и Австрија, не постојат услови за одржување на нормален тренинг, за фудбалерите да се запознаат со условите во пресрет на премиерниот меч од ЕВРО 2020.

Поројниот дожд создаде огромни проблеми за организаторите, тренингот најпрвин беше одложен, а австриските фудбалери не можеа да одработат буквално ништо во повторениот обид за собир пред дуелот со Македонија. Доказ за тоа е и оваа фотографија од Штефан Пош, кој кога веќе не може да одржи фудбалски тренинг, реши да си ги испроба способностите во лизгање…

Токму очајната состојба на стадионот и поплавениот тренинг се причината поради која македонската репрезентација реши воопшто да не одржи тренинг на оваа арена, па последното воигрување пред дуелот со Австрија ќе биде на стадионот на Стеауа, каде избраниците на селекторот Ангеловски тренираа во изминатите денови по пристигнувањето во Букурешт.

Се вчитува...