Ромелу Лукаку беше предводник на Белгија во убедливиот триумф над Русија во првиот меч од ЕВРО 2020, на кој асот на Интер двапати го матираше рускиот голман.
Првиот од двата гола Лукаку пред ТВ-камерите го посвети на Кристијан Ериксен, а во изјавата по мечот тој откри декa голем дел од времето пред мечот го минал плачејќи во соблекувалната.
„Ми беше многу тешко да се подготвам за мечот, да излезам на терен и да играм бидејќи умот и срцето ми беа со Кристијан. Плачев како мало дете, бев премногу исплашен бидејќи мислев само на него. Во последните година и пол со Ериксен минував повеќе време отколку со моето семејство. Затоа, среќен сум што победивме, но уште посреќен сум што тој е во ред, се надевам дека најлошото заврши“, изјави Лукаку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА