Англискиот селектор Герет Саутгејт изненади многумина со составот за денешниот дуел против Хрватска, решавајќи се за неколку неочекувани опции на премиерниот натпревар од ЕВРО 2020.
Пикфорд и покрај слабата форма во Евертон останува прва опција на голот, десен бек е Кајл Вокер, а Саутгејт изненади со одлуката да ги остави левите бекови Чилвел и Шо на клупата, а на нивна позиција да стартува со Трипие, кој вообичаено игра по десната страна. Централни дефанзивци е Стоунс и Мингс, кој добива шанса на местото на повредениот Мегваер.
Соиграчот на Алиоски од Лидс, Кalвин Филипс, ќе му прави друштво на Рајс како последен фудбалер за врска, Кејн очекувано е главен напаѓач, но во конкуренцијата за место во офанзивниот дел од тимот отпаднаа Санчо и Рашфорд, откако предност пред нив добија Фоден и Стерлинг од Манчестере Сити.
Меѓу стартните единаесетмина на Англија нема ниту еден фудбалер на Манчестер Јунајтед ниту на Ливерпул, што е првпат вакво нешто да се случи на големо натпреварување уште од ЕВРО 1992.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА