Белгија лесно и убедливо славеше над Русија на отворањето на ЕВРО 2020, но селекторот Роберто Мартинез стана без помошта на еден стандарден првотимец. Десниот бек Тимоти Кастањ заработи незгодна повреда на окото поради која мораше да биде заменет, а деталните прегледи покажале декa станува збор за сериозен проблем.
Офанзивниот бек ќе мора да мирува во следните дваесетина дена, со што овој европски шампионат прерано заврши за него.
„Тоа е навистина лоша вест, Тимоти Кастањ е „аут“ до крајот на првенството. Станува збор за двојна фрактура во близина на окото, така што нема шанси тој да се врати наскоро на терените“, изјави белгискиот селектор.
На местото на Кастањ на синоќешниот дуел со Русија во игра влезе Томас Муние, кој неколку минути подоцна успеа и да постигне гол за „црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА