Чиле ќе биде сериозно ослабен за групната фаза од Копа Америка откако Алексис Санчез отпадна од комбинација за настап на првите натпревари на ова големо натпреварување.
Асот на Интер се мачеше со незгодна повреда на мускулот, по што лекарскиот тим на Чиле и покрај вложениот напор не успеа да го рехабилитира за настап од почетокот на Копа Америка.
„Очекуваното време за рехабилитација го надминува периодот на првата фаза од Копа Америка. Затоа, Алексис ќе остане во Чиле за да продолжи со медицинските третмани врз него, а дополнително ќе биде донесена одлука кога тој би можел да се приклучи на репрезентацијата“, објави Чилеанската Фудбалска Федерација.
Чиле е дел од групата А на Копа Америка, заедно со селекциите на Аргентина, Парагвај, Уругвај и Боливија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА