Репрезентацијата на Австрија доаѓа до водство од 2-1 во натпреварот против Македонија на Европското првенство, откако во 78. минута уште еден центаршут беше доволен за колапс на нашата одбрана.
Првата ѕвезда на Австријците Давид Алаба одлично центрираше, а во петероцот на Димитриевски најдобро се снајде Михаел Грегорич кој ја носи Австрија повторно во водство.
Голот можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА