Ангеловски: Со замените сакав да пополнам некои „дупки“ во играта, ќе следат анализи и корекции…

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски (ФОТО)

Македонскиот селектор Игор Ангеловски искажа разочараност од поразот на дебито на Европското првенство 2020, оставајќи простор за анализа на игра и корекција на појавените грешки за следните натпревари.

„Секако дека сме разочарани затоа што имавме позитивен резултат до самиот финиш. Австријците ги искористија своите шанси во финишот кога имаше и пад на концентрацијата во нашата одбрана. Но, сето ова добро ќе се анализира па ќе се обидеме да корегираме на следните натпревари“ – рече Ангеловски.

А, дали можеби се погреши со одбраните? Па место со Бејтулаи и Костадинов за поголема дефанзива, не се одлучи за засилување на средниот ред со Спировски, Аврамовски, Хасани…?

„Желбата беше да се внесат фудбалери кои нема да оставаат ‘дупки’ во одбраната а ќе се даде повеќе простор за Елмас и Пандев во нападот. Но, ете се случија некои грешки и во самиот финиш следеше поразот. Сакам да искажам голема благодарност до сите наши навивачи кои ни дадоа огромна поддршка во Букурешт, па на следните два натпревари ќе мора да се оддолжиме. Останува уште за игра и се до последена секунда од ништо не се откажуваме“ – рече Ангеловски.

Се вчитува...