Барса ќе носи и трето засилување од Манчестер Сити

Барселона веќе донесе две големи засилувања од Манчестер Сити со слободните трансфери на Серхио Агуеро и на Ерик Гарсија, а каталонскиот гигант сега се обидува да ангажира и трет нов фудбалер од редовите на англискиот првак. Станува збор за новопечениот шпански репрезентативец Ејмерик Лапорт, кој се наоѓа на самиот врво од листата со желби на каталонците за овој преоден рок.

Пике се приближува до крајот на кариерата, a претседателот Лапорта планира со ангажманот на Лапорт и на Гарсија да состави одбранбен тандем што со години ќе биде стандарден во срцето на одбраната на каталонскиот гигант. Самиот Лапорт исто така притиска за трансфер и веќе побарал од Пеп Гвардиола да не му стои на патот. Тој е разочаран што не беше најстандарден сезонава, останувајќи во сенка на Рубен Дијаз, кому друштво во одбраната најчесто му правеше Стоунс.

Манчестер Сити сигурно нема така лесно да го продаде шпанскиот репрезентативец, чија сума за отштета ќе изнесува најмалку 50 милиони евра. Барселона планира да обезбеди поголем дел од парите со продажба на Умтити и на Ленгле, кои според Лапорта не ги оправдале очекувањата со прикажаните игри во изминатите неколку сезони.

Се вчитува...